strumica denes logo

ГРАЃАНСКО СОЈУЗНИШТВО ЗА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ – ЦЕНТАРОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И АНАЛИЗИ „НОВУС“ ЗАПОЧНУВА ОДЛИЧЕН ПРОЕКТ!

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ го имплементирапроект „Граѓанско Сојузништво за репортери без граници“ во партнерство со „МедијаФлеш“ – Струмица.

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.850,00 евра. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на околина за суштинскапартиципација на медиумскитездруженија како влијателни актери во општеството во поглед на напредокот на слободата на новинарите од Југоисточниот плански регион и нивната безбедност, како и зголемување на капацитетот на граѓаните, посебно на младите во Југоисточниот плански регион, за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорноизјаснување во јавноста, со користење на аргументи и компетентност.

Целна група се новинари и медиуми, медиумските здруженија, граѓанското општество, младите и локалните самоуправи од Југоисточниот плански регион за воспоставување подобра комуникација и соработка во промовирањето на медиумските слободи, како и подигање на свеста кај граѓаните во процесите на одлучување во областа на медиумскитеслободи и слободно изразување.

Преку овој Проект ќе се зголемисвеста на младите во Југоисточниот плански регион за критичко размислување преку мотивација за креирање на сопствен став и одговорноизјаснување во јавноста користејќи аргументи и компетентност. Исто така, ќе се спроведе истражување за слободата на информирање, ќе се едуцираат околу 60 средношколци за штетно влијание од медиумскиманипулации во трите средни училишта во Општина Струмица, ќе се креира видео и аудиоматеријал за подигнување на капацитетот на јавноста за важноста од медиумскатаписменост заради избегнување на случаи на медиумскаманипулација и препознавање на лажнивести, ќе се поддржат герилаиницијативи од млади луѓе кои на креативен начин ќе спроведат активности со цел справување и едуцирање на останатите за бришење на говорот на омраза и поттикнување на младински активизам за развој на заедница без омраза. Ќе биде изработенаедукативнаброшура за едуцирање на граѓаните за критичко размислување кон информациите кои ги добиваат и како завршен настан ќе се одржи јавнатрибина со цел да се поттикнемеѓусебнаетичка соработка меѓу новинарите и сопствениците на медиуми и портали од регионот.

Проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ е поддржан во рамките на Програмата за поддршка safejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија.

Центарот за истражување и анализи НОВУС Струмица од почетокот на Април 2022, па во текот на следните две години ќе биде дел од проектот “Заштита од корупција” кој е финансиран од страна на Амбасадата на КралствотоХоландија а спроведуван од Центарот за граѓанскикомуникации.

НОВУС е една од осумте организации кои ќе работат локално во својата општина на овој проект, кој се спроведува паралелно и во 8 други општини во Македонија, а целта ќе биде намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на локалната самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции, како и имплементација на мерките предвидени во Националнатастратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.

Заради поефективна и полесна реализација на овој проект, Центарот за граѓанскикомуникации има потпишаноМеморандуми за соработка со секоја од осумтеопштини, каде спаѓа и Општина Струмица, како локална самоуправа која отворено ќе соработува во текот на целата фаза на имплементација на проектот и истражувањата кои се дел од овој проект, заради утврдување на одредени состојби при користењето на јавните средства и нивно подобрување, од што бенефит ќе имаат сите граѓани.

Автор:

Датум:

април 12, 2022

Категории:

Струмица