strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА НЕ ГИ ЗАБОРАВИ И ИМ ИСПРАТИ ПОДАРОЦИ НА ШТИТЕНИЦИТЕ ВО ЗАВОДОТ ВО БАНСКО, НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ, НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, ПОЖАРНИКАРИТЕ И НА ФАБРИКАТА ЗА ВОДА НА „КОМУНАЛЕЦ“

Автор:

Датум:

јануари 1, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 1, 2021

Категории:

Струмица

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Почитувани сограѓани,
Ги живееме првите часови од Новата 2021 година. На сите ви посакувам да биде поздрава, посреќна и поуспешна од старата којашто ја испративме.

Традиционално, новогодишната ноќ ја поминував со штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација во Банско, но оваа, беше поинаква поради пандемијата од Ковид – 19 и почитувајќи ги мерките за заштита, останавме во своите домови.

Но, не се заборавивме, им испративме скромни подароци на сите штитеници во Заводот, но и на тие коишто заминаа од таму и продолжија со својот живот во малите групни домови, посакувајќи им многу здравје, среќа и многу радост во Новата година.

Не ги заборавивме и нашите сограѓани кои новогодишната ноќ ја поминаа на своите работни места во СВР Струмица, Службата за итна медицинска помош, Противпожарната единица, Фабриката за вода на ЈПКД „Комуналец“. Со пригодни подароци им посакавме среќна Нова 2021 година.