Почитување на законите и протоколите на Владата на Република Северна Македонија во пандемија на КОВИД-19,
беше темата на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција на кој присуствуваа и сопственици на угостителски објекти и претставници на повеќе државни и општински инспекциски служби и институции.
Заеднички беше заклучокот дека треба доследно да се почитуваат мерките и препораките за заштита од ширење на корона вирусот,
особено протоколите за работа на угостителските објекти,
донесени од Владата на Република Македонија и да се засилат полициските и инспекциските контроли.