Perdormire
Струмица

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ГИ ПРИМИ ВО СВОЈОТ КАБИНЕТ ХРАБРИТЕ СТРУМИЧКИ ПОЖАРНИКАРИ КОИ БЕА ВО АЛБАНИЈА!

Коста Јаневски:

Вечерва бев домаќин на нашите храбри пожарникари од ТППЕ Струмица кои беа дел од спасувачкиот тим на Македонија по големиот земјотрес во Драч, Албанија. Им честитав за нивната храброст и пожртвуваност и поразговаравме за извршувањето на нивната спасувачка мисија.

Браво момци, се гордееме со вас.