strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА: АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е ПОСВЕТЕН ЧУВАР НА НАШАТА ДРЖАВА, СЛОБОДА, БЕЗБЕДНОСТ И ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ!

Автор:

Датум:

август 18, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 18, 2022

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🇲🇰✊Денес е ден за гордост. Денес е ден кога нашата армија слави 30 години од своето постоење, а со неа славиме и сите ние.

Армијата на Република Македонија, служејќи и на татковината и на своите македонски граѓани, е еден од стожерите на нашата земја и посветен чувар на нејзиниот мир, слобода, безбедност и територијален интегритет.

Но таа е секогаш тука да се справи и со последиците од можни поплави, пожари и други елементарни непогоди. За сето тоа треба да и бидеме благодарни на Армијата, но и да бидеме горди што е рамо до рамо со нејзините сродни партнери од земјите членки на НАТО.

➡️На сите припадници на АРМ им го честитам 18 Август – Денот на Армијата. Нека е за многу години.