Градоначалникот Костадинов одржа средба со министерката Шукова: Заштитата на животната средина е еден од нашите приоритети, затоа што ништо не е поважно од здравјето на граѓаните!

април 24, 2023

Костадин Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

🌿 Заштитата на животната средина е еден од нашите приоритети, затоа што ништо не е поважно од здравјето на граѓаните.

🟢 За новите предизвици и решенијата за нив, денеска разговаравме со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

🟢 Како Општина којашто забрзано ја развива својата европска, модерно урбана верзија, ја информирав министерката Шукова за сите проекти кои се во фаза на реализација, а коишто го подобруваат квалитетот на животот и истовремено ја заштитуваат животната средина.

🚎 Во фокусот на разговорот беше мојата посебна гордост, а тоа е воведувањето на целосен електричен, еколошки јавен превоз со што Струмица ќе биде прва Општина во државата со таков превоз, а за што се формира посебно јавно претпријатие „Струмица Транспорт“.

🚴‍♀️Гордост ми се и проектите во урбаната мобилност како што е изградбата на велосипедски патеки, создавање современа вело – инфраструктура во градот, субвенционирањето за купување на нови велосипеди чија цел е зголемување на користењето велосипеди, а воведената селекција на отпадот во домаќинствата дава добри резултати.

Од срце и со многу труд за здрава животна средина во нашата Струмица ❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ