Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Хуманата димензија и поддршката на граѓаните ќе ни биде јака страна и оваа година, посебно кога се во прашање најмладите жители на нашата Струмица.
Обезбедуваме бесплатен престој за децата на самохраните родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Македонија или невработени лица кои живеат на територија на Општина Струмица.
Јавниот повик за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца во градинките е објавен денеска на општинската веб страница и ќе биде отворен до 23 јануари.