Градоначалникот Коста Јаневски им го честита Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници!

април 7, 2020

Почитувани колеги – здравствени работници од општина Струмица,

Секоја година 7.април се одбележува како Светски ден на здравјето и здравствените работници, но годинава, како никогаш досега, овој ден немал толку големо значење и „тежина“.

Целиот свет соочен со големото зло наречено Ковид 19 ја препозна вистинската потреба и значењето на најхуманата професија.

Бидете горди на таа ваша професија, бидете истрајни во предизвикот за чување и унапредување на здравјето на граѓаните, но чувајте го и своето здравје, затоа што и вие сте луѓе.

Бидете на висина на работните задачи и чувајте го достоинството на вашиот животен повик.

Горд сум на Вас и горд сум што сум дел од Вас.

Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на здравјето и здравствените работници.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ