Општина Струмица во соработка со Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи – Струмица, Отсек за превенција, организира работни состаноци на Советодавните група на граѓани на тема „Поголема безбедност во заедницата“. На ден 05.04.2018 година (четврток) со почеток во 19 часот ќе се одржи работен состанок во спортската сала во населеното место Куклиш.
Состанокот на Советодавната група на граѓани ќе го отвори градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, по што свое обраќање ќе имаат Томе Весов, началник на Одделението за полиција и Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР – Струмица. На состанокот ќе присуствува и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија, Зоран Китанов.
Детектираните проблеми во делот на сообраќајот, ризикот на регионалниот пат кој што поминува директно низ населеното место, осветлувањето на улиците, подигањето на сообраќајната култура кај месното население, ќе бидат главните теми на состанокот, а ќе се разговара и за останатите локални проблеми и ќе се бараат начини за нивно решавање.
Градоначалникот Коста Јаневски на кого безбедноста на граѓаните во Општината, но и останатите локални проблеми му се приоритет, ги поканува граѓаните на Куклиш да земат масовно учество на работниот состанок.