Ученикот на СОУ „Јане Сандански“ – Димитар Џорлев ќе ја претставува Македонија на овогодинашната Европска олимпијада по физика која ќе се одржи во Романија.
Џорлев минатиот петок учествуваше на селекционен натпревар кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје на кој се избраа и останатите македонски претставници.
Димитар во моментов е втора година. Тој има учествувано на низа натпревари од природните науки, докажувајќи ги своите знаења со освојување на високите места, како и на неколку меѓународни олимпијади.