ГОЛЕМ УСПЕХ НА НА КАРАТИСТИТЕ ОД ШИХАН-СТРУМИЦА НА 21 ИТКФ СВЕТСКИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН КАРАТЕ ШАМПИОНАТ: ОСВОЕНИ 4 ЗЛАТНИ И 5 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ!

ноември 23, 2022

Од 11 до 13 ноември 2022 година, во Скопје, во Спортскиот центар „Кале“ се одржа 21. ИТКФ Светски традиционален карате шампионат. Паралелно со него се одржа и 1. ИТКФ Светски куп „Хидетака Нишијама“ за деца-каратисти.

Карате клубот „Шихан“ од Струмица постигна добар успех на ова натпреварување. Горди сме на момците кои ги покажаа своите квалитети на ова големо меѓународно натпреварување. Посебно затоа што во секоја категорија во која се напреваруваа, имаше помеѓу 30 и 40 натпреварувачи.

Карате клубот „Шихан“ се натпреваруваше во сите категории, од деца до сениори, и ги освои следните резултати:

4 ЗЛАТНИ
5 БРОНЗЕНИ
1 БРОНЗЕН И ЕКИПНО БОРБИ ВО KОИ ИMAВME НАШ ЧЛЕН ОД КАРАТЕ КЛУБ ШИХАН.

Честитки од тимот на Струмица Денес!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: