Рецептот всушност не потекнува од Франција, туку од Америка, а името го добил заради меката текстура која е мазна како свила и лизга низ грло.
За сите љубители на чоколадни десерти, ова ќе биде една од најубавите пити со незаборавен вкус и изглед.
Се служи ладен, а нема таков што нема да посака второ парче.
Потребни состојки:
За подлогата:
- 200g чајни бисквити
- 85g путер
За фил:
- 200g шеќер
- 170g омекнат путер
- 85g темно чоколадо
- 3 јајца
- 2 лажици француски ликер Grand Marnier (или заменски, со вкус на портокал)
- Шлаг за украсување
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 170°С.
- Сомелете ги бисквитите во фин прав и измешајте ги со путерот додека не добиете влажна смеса.
- Втиснете ја со прсти смесата во плех/калап за печење.
- Печете од 10-12 минути, па извадете ја и оставете целосно да се излади.
- Додека се лади подлогата, стопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
- Во друг сад, со миксер измешајте ги омекнатиот путер и шеќерот во мазна крем смеса. Ќе ви требаат околу 3 минути.
- Додадете го растопеното чоколадо и ликерот во смесата од путер.
- Постепено додавајте јајца, едно по едно и миксирајте додека не добиете хомогена, мазна крем-смеса.
- Премачкајте врз оладената подлога и ставете во фрижидер 3-4 часа да се лади.
- Над оладената пита ставете шлаг и по желба украсете со парчиња чоколадо.