strumica denes logo

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ИНТЕРВЈУ СО ЃОРЃИ ДИНЕВ ОД СТРУМИЦА – ЛИКОВЕН УМЕТНИК КОЈ СО СВОЈОТ ТАЛЕНТ ВО ИДНИНА ВЕТУВА МНОГУ!

Автор:

Датум:

декември 10, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 10, 2020

Категории:

Струмица

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Ѓорѓи Динев е 26 годишно момче од Струмица кој со својот талент во иднина ветува многу! Дипломирал на факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек графика. Учесник е на повеќе групни изложби, а во 2019г. ја прави првата самостојна изложба во Скопје во Младински културен центар. Подготвува и втора самостојна изложба која ќе биде реализирана овде во Струмица, наредната година. На наше задоволство, интервју со Ѓорѓи Динев:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Ѓорѓи, од каде љубовта кон уметноста и кога откри дека имаш талент за цртање. Да ни кажеш нешто повеќе за твоите почетоци?

ЃОРЃИ ДИНЕВ: Љубовта кон уметноста едноставно ја имам, и сметам дека секој има љубов кон некаков вид уметност. Од мал цртам, секако, и иако ми беше јасно дека сум подобар во тоа од повеќето околу мене, не се замислував како иден уметник. Тек дури на 13-14 годишна возраст вистински ја осетив желбата, која тлеела во мене сите изминати години, дека сакам да влезам во водите на уметноста. Тогаш се запишав на уметничкото школо во Скопје, така сѐ почна.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што најмногу те инспирира да црташ? Во што најмногу наоѓаш мотивација?

ЃОРЃИ ДИНЕВ: Никогаш не сум се доживувал себеси како уметник кој разработува конкретна тема каде, зависно од темата, бара проучување, размислување на “проблемот”, негово решение итн. Тоа е индивидуална работа, секок уметник работи според својот внатрешен повик. И токму во таа разновидност е убавината. Како што вели Гомбрих “Уметност всушност не постои, постојат уметници” Јас просто делувам. Често спонтано, користејќи ги материјалите околу мене, додека не одлучам дека делото е готово. Така да, токму тој таков пристап и ми е инспирацијата.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Кои се твоите планови за иднината и каде се гледаш себеси за некои 5 или 10 години?

ЃОРЃИ ДИНЕВ: Конкретни планови немам. Само сум сигурен дека ќе продолжам да се занимавам со уметност и ќе се трудам да ги искористам сите пружени прилики за мој личен напредок. А за 5 или 10 години – во Македонија, најверојатнo!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Твоја порака до сите уметнички души?

ЃОРЃИ ДИНЕВ: Како што напоменав, секој има свој начин, но сметам дека има една вистина за сите што се занимаваат со уметност – мора во творењето да се биде апсолутно реален!