ФОТО: Убавата струмичанка Душица Андоновска и познатиот ракометар Игор Карачиќ, се заколнаа на вечна љубов во црква во Мостар!

јуни 28, 2022

Поранешниот член на Вардар 1961, Игор Карачиќ, овој петок го кажа судбоносното „ДА“ и се ожени со убавата струмичанка, Душица Андоновска.

Парот се запозна за време на неговиот престој во Скопје. Моментално хрватскиот ракометар игра за Киелце, клуб со кој неодамна загуби во големото финале во Лигата на шампионите од Барселона. Авантурата во македонскиот гигант за Карачиќ траеше цели седум години, во кои освои две европски титули.

Нивната официјална вечавка се случи пред нешто повеќе од една година. Сега својата љубов ја овековечија во црквата Свети Петар и Павле во Мостар. Минатата година венчавката беше во кругот на најблиските пријатели и семејството.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ