(ФОТО) СТРУМИЧАНКАТА МАРИЈА НАКОВА Е ПЕРСОНАЛЕН ТРЕНЕР ВО ЛОНДОН, А НЕЈЗИНИ КЛИЕНТИ СЕ ПОЗНАТИ МУЗИЧКИ ИМИЊА И ЛИЧНОСТИ ОД ПОЛИТИЧКИОТ СВЕТ И БИЗНИСОТ!

април 21, 2021

Струмичанката Марија Накова веќе долги години живее и работи во Англија. Редакцијата на Струмица Денес долго време ги следи на социјалните мрежи успесите на оваа млада девојка која работи како персонален тренер и постигнува доста успешни резултати, а дел од нејзините клиенти се познати музички имиња во Англија како Eve Jeffers која има милионски прегледи на јутјуб и личности од политичкиот свет како и бизнисот.

Марија за портал Струмица Денес вели дека уште од мали нозе била заинтересирана за спортот, а пред да замине во Англија има работено во некогашната Нико-Фит. Со преселувањето во Лондон започнала да посетува Спортска академија со цел да се дипломира како Фитнес инструктор и Персонален тренер со специјализација да работи со здрава и популација со одредени здравствени проблеми (Дијабетес, срцеви заболувања, повреди на грб и рбетен столб).

Со седум години искуство и завршени студии, Марија Накова сега работи во приватно студио во една од најпознатите населби во Лондон-Notting Hill и онлајн со одреден број на клиенти.

Накова изработува програми во зависност од потребите на клиентот, фокусирајќи се главно на силов-тежински тренинг, а во соработка со нутриционист таа нуди и план за исхрана да се совпадне заедно со целта.

ЦЕНИ

– Поединечна сесија €20 (еден час активно тренирање-онлајн.)

– Месечна програма €40 (само програма за вежбање.)

– Месечна програма со нејзин надзор €80 (Онлајн тренинг во нејзино присуство, неделни консултации, мерки и преглед на резултати.)

– Месечна програма со нејзин надзор и план за Исхрана €120 (Онлајн тренинг во нејзино присуство, неделни консултации, мерки и преглед на резултати, план за исхрана.)

Контакт: +447472713691
Инстаграм: nakovmarija
Емаил: nakovmarija@gmail.com

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ