ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица изразува загриженост за состојбата со водоснабдувањето во делот на улицата Бетовенова во Турското маало.
Веќе четврт ден без најава, без официјално објаснување за причините и без јасно решение дел од градот нема снабдување со вода.
Неколку илјади сограѓани се оставени без вода за пиење и одржување.
На јавноста останува наместо од надлежните органи за причините и за ситуацијата да се информира преку социјалните мрежи.
Па така се зборува за вентили за празни резервоари и слично, што дополнително ја збунува струмичката јавност.
Овие денови Струмица е погодена од високите температури додека во земјата повторно се актуелизират одредени проблеми со здравствената безбедност на граѓаните.
Да се потсетиме дека за тој дел од градот се ветуваше парк, спортско игралиште и културен центар, а ваму гледаме дека вода за пиење веќе четврти ден се носи на раце.
Општинскиот комитет во наредниот период ќе побара од локалната самоуправа извештај за овој проблем и ќе предложи овој проблем да се разгледа како приоритет и во најскоро време да се понуди решение.