Вчера во СОУ „Димитар Влахов“ беше изведена вежба од страна на Црвен Крст-Струмица заедно со струмичките пожарникари, вежба во која учествуваа околу 800 ученици кои истите беа евакуирани од училиштето како симулација на пожар и земјотрес. Покрај „евакуацијата“ како дел од вежбата беше и делот со давањето на прва помош на повредените.
„Нашите млади наша гордост. Сами се потрудија да нашминкаат реални повреди. Самоиницијативно се собираа и со денови вежбаа Прва помош, за важноста на спасувањето живот, за евакуациите во случај на земјотрес и пожар и за можните повреди во таквите случаи и своето знаење го покажаа на вежбата која по нивна иницијатива ја изведовме во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица, припадниците на ДЗС и ЦУК и нашите херои Пожарникари – Струмица.“