Раскажува Драги Трајков
Оваа ќука е на моите предци – фамилијата Гоне и Ванѓа Трајков од село Белотино, Струмички. Нивното патриот дело било несебично и целото богатство го дале на располагање за искрана на македонските партизански единици во тој период кои војувале за слободата на Македонија.Нивната цел била само една слобода на македонскиот народ од разните порубувачи.Најпознат, а и најтрагичен слуцај е случајот од османлиското ропство со тројцата браќа Андон, Митко и Трајко кои со својата сестра Тина која во тоа време била млада и убава а живееле во селото Градец до реката Вардар, а денес иселено во селото Удово- Валандово поради проект за градба на вештачка акумулација .Проблемот настанал кога еден ден дошол тамосниот Бег на сила да ја граби сестрата ,а браќата за да ја заштитат сестрата дошло до недоразбирање каде бегот сакал да употреби оружје, а браќата биле присебни во тој момент го совладуват и ја спречуват неговата намера. И од тој момент за фамилијата имало големи последици -Тие мора под итно да го напуштат родното место и да бегат преку планината и од другата страна се населуваат .И во чес на нивната сестра Тина и ден денеска ова село се нарекува Белотино -по бела Тина како на галено ја нарекувале. Подоцна фамилијата закрепнува и во време на Гоне и жена му Ванга која потекнувала од с, Водоча станува имотна богата ,а на нивниот имот работеле и други фамилии. Па кога Македонскиот народ во втората светска војна се организира да војува за својата слобода и формирање на Македонска држава,тие несебицно земат учество и го дават целиот нивен имот на располагање на Македонската војска .Тој имот бил окуло 500 кози 500 овци ,и крупен добиток70 крави и се друго што поседувале го дале на располагање на Македонската војска со една желба да ја видат конечно Македонија како слободна држава.Во нивната куќа бил главниот штаб на чело со ген. Апостолски, храната за војската се подготвувала под раководство на самата фамилија поточно Ванѓа за кој и ден денеска се зборува дека била вредна и надарена жена.По ослобудувањето тие остануват без ништо. По некое време дошол Апостолски со голема делегација кај нив дома каде се фотографирале ја поставиле плочата. Одржал говор ,и рекол се боревме за самостална Мкедонија а испадна Македонија во рамките на Југославија .Бевме многу разочарани во периодот кога Македонија беше во рамките на Југославија и од поранешниот преседател на борците кои не сака да помогнат куќата да не падне и не се сруши. А и денеска во независна Македонија наидуваме на голем зид .Ние не сакаме ништо друго освен да се направи една спомен соба од тој период -обележке и да се врати плочата како аманет за идните генерации за да знаат дека во тоа време имало луге патриоти кои слободата повеќе им значело него материјалното богатство.