(ФОТО): Фотографија на која се гледа како се летувало во Југославија ги зачуди денешните млади

јули 12, 2023

Југоносталгијата е честа појава меѓу луѓето кои живеат во регионот. Потсетувањето на некои поедноставни времиња или само на време кога сме биле млади е многу нормална работа. Таквите моменти добри се и за младите кои низ сеќавањата на повозрасните ќе се запознат со животот во минатото.

Една фотографија која се појавила на социјалната мрежа Фејсбук, на страницата „Носталгија“, потсетува на едноставноста на летувањето за време на Југославија.

Освен што одењето на крајбрежје било многу полесно отколку денес, доколку ја погледнете фотографијата ќе видите колку луѓето се посреќни и поисполнети иако немале некои работи кои денес ни се достапни. На фотографијата нема чадори, а она што луѓето најмногу го забележале е што никаде нема ниту лежалки, па и дека некои луѓе воопшто немаат пешкири.

На фотографијата луѓето заедно седат и се смеат, разговараат, што предизвикало голем бројна коментари на социјалните мрежи.

„Излегуваш од морето и така мокар легнуваш на песокот. И, преживуваш“, „Никаде лежалка, никаде чадор, и јас така летував и беше супер“, „Ниту пешкир, а ниту лежалка ни фактор 50, четворица седат на еден душек и не им е тесно, разговараат, се смеат, се дружат, задоволни се и благодарни. Некои минати времиња со хармонија се незаборавни, ова е прекрасна разгледница“, „Песок без лежалки и чадори, морето беше важно, а сонцето задоволство“, „Ни беше прекрасно, никогаш повеќе таков опуштен и нормален живот нема да има“, „Имаше место за сите, а не само за оние со „длабок џеб“ и немаше лежалки и чадори“, биле само дел од коментарите.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ