strumica denes logo

ФОНДАЦИЈАТА „ЗАЕВ-ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“ ДОНИРАШЕ ДИЈАГНОСТИЧКИ АПАРАТ ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА!

Автор:

Датум:

декември 30, 2022

Автор:

Датум:

декември 30, 2022

ФОНДАЦИЈА „ЗАЕВ-ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ“:

Еден од најважните фундаменти врз кој почиваат постоењето и дејствувањето на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ е и унапредувањето на јавното здравје. Како дел од активностите за доследно исполнување на зацртаните цели и стремежи во оваа област, нашата Фондација изврши донација на апарат за дијагностика од областа на урологијата, за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица. Станува збор за исклучително важен дијагностички апарат кој ќе значи многу за струмичките уролози од оваа институција, а пред се за граѓаните кои се соочуваат со уролошки проблеми и заболувања.

Здравјето на граѓаните е пред се. Токму затоа унапредувањето на јавното здравје и понатаму ќе биде еден од приоритетите на нашата Фондација.