Perdormire
Струмица

ФИЛИПЧЕ СО АПЕЛ: ПРИЈАВУВАЈТЕ ГИ ОНИЕ КОИ НЕ ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ, ЌЕ ИМА ГОЛЕМИ КАЗНИ!

На прашањето дали ќе има казни за оние кои не ги почитуваат мерките за работното време министерот Филипче рече дека истите ќе бидат големи.

„Верувам дека вакви примери ќе има затоа инспекторатите се на терен.

Ве охрабруваме да ги пријавите или да не известите нас и ние ќе го сториме тоа.

Овие мерки, повторувам, важат за сите.

Исклучително е важна свеста за заштита на здравјето, но внимавајте со одлуките се предвидуваат и големи казни за загрозување на јавното здравје.

Никој нема да биде поштеден“, рече Филипче.