strumica denes logo

ЕСМ не се јави на тендерот на ЕВН, струја за граѓаните ќе се увезува од странство а СМЕТКИТЕ ЌЕ РАСТАТ

Автор:

Датум:

ноември 16, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 16, 2021

Категории:

Струмица

На тендерот на универзалниот снабдувач за обезбедување на струја за граѓаните за следната година, државната ЕСМ не даде понуда, дознава Сител.

Согласно законот за енергетика, државните електрани имаат обврска да покријат 60 проценти од потребните количини за домаќинствата. Со ова дополнително се проблематизира работата со електрчната енергија, бидејќи сега согласно законот ЕВН ХОУМ ( Универзалниот снабдувач) ќе мора потребните количини да ги обезбеди од увоз на струја по рекордно високи цени.

Како за илустрација, државната ЕСМ досега на ЕВН ХОУМ, струјата за домаќинствата му ја продаваше за 37 евра за мегават час, а сега ќе мора да ја купи за над 200 евра за мегават час. Вообичаено компанијата за да ја држи ниска цената за граѓаните, ја нудеше својата електрична енергија по дампинг цена. Со ова станува се позвесно дека цената за домаќинствата од јанаури ќе се зголеми двојно.

Инаку тендерот беше распишат на 2 ноември согласно законот кога требаше да се обезбеди струја за домаќинствата за 2022 година.

За лошата состојба со струјата, неколку пати предупредија и експертите и посочија дека не чека тешка зима. Објектите се стари и дотраени и не може да ги испорачаат потребните количини струја.

Пред неклку дена и Владата прогласи кризна состојба во енергетиката, во времетраење од 30 дена. 65 милиони евра се префрлија на ЕСМ но за што точно ќе се користат овие пари се уште не се знае. Во меѓувреме и МЕПСО ја чека сметката за влечењето на струјата од европската мрежа која се чека да биде најмалку 16 милиони. Очекувањата се дека сосотојбата со струјата ќе се стабилизра дури во втората поливна догодина.