ЕЛЕУСА ФОНДАЦИЈА ЗАПОЧНУВА ГОЛЕМА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ – ПОДАРЕТЕ ДЕЛ ОД ВАШАТА ТРПЕЗА И НАХРАНЕТЕ ГИ ГЛАДНИТЕ!

април 2, 2022

Почитувани наши браќа и сестри во Христа.

Елеуса Фондација започнува голема хуманитарна акција во пресрет на Велигденските празници. Имено, од утре го започнуваме проектот „Вeлигденска трпеза за сите“. За овој проект добивме целосна и безрезeрвна поддршка од дел од маркетите во нашиот град Струмица.

Под мотото „ПОДАРИ ДЕЛ ОД ТВОЈАТА ТРПЕЗА, НАХРАНИ ГЛАДЕН“ наши корпи од вечерва се поставени во: Црвена Ружа, Зендолино, Семпер маркети, Здравец маркети, Стокомак, Тинекс и Киси трејд (кај автобуската станица, во Карпош и кај Иднина).

Драги наши сограѓани, во овие маркети ќе можете да оставите Ваша скромна донација во храна, со што сите заедно и сплотено ќе учествуваме во полнење на Велигденската трпеза на над 100 семејства кои ја чекаат нашата помош.

Се надеваме на Вашата поддршка оти нашето малку некому значи многу.

Голема благодарност до маркетите: Црвена Ружа, Зендолино, Семпер маркети, Здравец маркети, Стокомак, Тинекс и Киси трејд кои се огласија на нашата молба да бидат дел од оваа наша хуманитарна акција и решија да ни помогнат.

Ајде сите заедно со нашата мала заедничка помош да израдуваме семејства на кои ова ќе им донесе голема радост.

Христовото воскресение е празнување на вечниот живот и вечната радост, па со овој празник да внесеме надеж во домовите на луѓето на кои единствено надежта и вербата им останале.

За оние кои сакаат да донираат парични средства тоа може да го направат на нашата жиро-сметка:
300030000262856
Фондација ЕЛЕУСА Струмица
Цел на дознака: Донација
Или на нашата девизна сметка:
KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BRANCH STRUMICA
MACEDONIA
SWIFT: KOBS MK 2X SRB
Beneficiary Customer:
IBAN: MK07300701003869006
FONDACIJA ELEUSA STRUMICA
Kiril I Metodij 24
STRUMICA, R.MACEDONIA

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ