strumica denes logo

ДВЕ ТЕГЛИ И ЕДНО ЌЕСЕ МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНИ КАЈ ЕДНО ЛИЦЕ ОД КОЛЕШИНО!

Автор:

Датум:

септември 5, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

септември 5, 2023

Категории:

Хроника, Струмица

На 02.09.2023 во 16.00 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода З.М.(31) од село Колешино. При претрес кај него, извршен со судска наредба, било пронајдено и одземено ќесе со марихуана, а при претрес на локации во село Колешино, за кои претходно имало сознанија дека З.М. чува марихуана, биле пронајдени две тегли со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.