strumica denes logo

ДОНАЛД ТРАМП СО ПОРАКА ЗА ЕЛОН МАСК: Среќен сум што Твитер сега е во безбедни раце!

Автор:

Датум:

октомври 29, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 29, 2022

Категории:

Струмица

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека му е мило што Твитер е во безбедни раце, откако американскиот милијардер Илон Маск формално ја презеде социјалната мрежа.

Трамп, сепак, не кажа дали ќе се врати на својот профил на платформата што му беше забранет по смртоносните немири во Капитол на 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Капитол.

Трамп рече дека неговата мрежа „Социјална вистина“ „работи и делува подобро“.

„ Ја сакам вистината“ – рече Трамп во коментар на оваа платформа.

Маск претходно изјави дека ќе му го врати на Трамп профилот, но Трамп рече дека не сака да се врати на Твитер.

Веднаш по преземањето на Твитер, Маск на својот профил накратко напиша „птицата е слободна“, алудирајќи на симболот на оваа социјална мрежа.

Популарниот рапер Канје Вест ја врати контролата врз својот профил на Твитер, откако беше суспендиран поради антисемитски изјави што ги објави на неколку профили на социјалните мрежи.

Укинувањето на суспензијата на Твитер дојде еден ден откако Маск ја презеде контролата врз платформата.

„ Добре дојдовте назад на Твитер, пријателе“, твитна Маск претходно на веста од 8 октомври, истиот ден кога раперот го објави антисемитскиот твит.