ДОНАЦИЈА ВО ОПРЕМА ЗА СТРУМИЧКАТА ПОЖАРНА ОД ДИРЕКЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

април 2, 2022

Во поранешната касарна, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување се одржа обука за заштита и спасување од урнатини на тимот за брз одговор во кој учествуваа и активни спасители од Противпожарната единица на Струмица.

Во рамките на оваа обука, Противпожарната единица доби донација во опрема од Дирекцијата и Владата која што ќе се користи за секаков вид на интервенции. На примопредавањето присуствуваше и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: