strumica denes logo

Домашен бурек со месо за 15 минути

Автор:

Датум:

февруари 8, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 8, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Потребни состојки

  • 500g готови кори
  • 200ml минерална вода
  • 100ml масло за јадење
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 500g мелено месо
  • 1 средна главица кромид, ситно исечкана
  • 1 лажичка мешан сув зеленчук
  • 2 лажици масло за јадење
  • сол и мелен црн пипер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Најпрво подгответе ја тавата во која ќе го подготвите бурекот. Земете округла тава број 32 и премачкајте ја со масло за јадење;
  2. Во сад на страна промешајте ги минералната вода, маслото за јадење и прашокот за печиво;
  3. Во тава на загреано масло започнете да го пржите ситно исечканиот кромид. Додајте го меленото месо и гответе 2-3 минути на средна температура. Додајте го мешаниот сув зеленчук и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус. Гответе околу 10 минути додека месото не биде комплетно зготвено;
  4. Земете две кори и ставете ги во претходно подготвеното тавче, така што краевите ќе висат надвор од тавата;
  5. Пропрскајте со течноста од минерална вода и масло. Земете три-четири кори, стуткајте ги и ставете ги во средишниот дел од тавата. Пропрскајте со течноста и нанесете од филот со мелено месо. Повторно стуткајте три-четири кори, ставете ги во средишниот дел и пропрскајте со течноста. Нанесете од филот и повторете се додека не ви останат две кори;
  6. Поклопете го цело тавче со последните две кори, оставајќи ги краевите да висат надвор од тавчето;
  7. Превиткајте ги долните и горните краеви навнатре и полејте со преостанатата течност;
  8. Печете во загреана рерна на 190 степени околу 30-40 минути, или додека не добие убава златно кафена боја;
  9. Оставете бурекот малку да се излади, а потоа пресечете парчиња и послужете со шолја јогурт.