ДОБРА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ЖИВЕАТ ВО „СОФИЛАР“: СО 24 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ИНФРАСТРУКТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА НАСЕЛБАТА!

мај 5, 2021

Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:

Како резултат на претходно успешно спроведени подпроекти преку Проектот за подобрување на општинските услуги, којшто го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка, Општина Струмица доби грант во износ од 24 милиони денари за инфраструктурно уредување на населбата Софилар.

Денеска го потпишав Договорот за доделување на грант средствата меѓу Општина Струмица и Министерството за економија.

Како резултат на спроведената Урбана ревизија од МСИП2 проектот и Министерството за финансии, токму населбата Софилар беше избрана за користење на овие грант средства. Имајќи во предвид дека населбата Софилар со години се соочува со проблемот на дефицит на основните комунални и инфраструктурни услуги, Општина Струмица изработи техничка документација за изградба на патна инфраструктура со атмосферска канализација, како и фекална канализација, со што конечно ќе се реши проблемот на граѓаните од оваа населба.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: