Астрономите го искористија вселенскиот телескоп Џејмс Веб за да ја набљудуваат Ерендел (Earendel), најоддалечената ѕвезда некогаш откриена.
Ерендел е толку далечна што ѕвездената светлина што ја виде телескопот Веб беше емитирана во првите милијарда години од универзумот. Се проценува дека универзумот е стар околу 13,8 милијарди години.
Претходните проценки сугерираат дека ѕвездата е оддалечена 12,9 милијарди светлосни години од Земјата, но со оглед на проширувањето на универзумот и колку долго светлината патувала за да стигне до нас, астрономите веруваат дека Ерендел моментално е оддалечена 28 милијарди светлосни години.
Името на ѕвездата потекнува од староанглиските зборови што значат „утринска ѕвезда“ или „светлина во подем“. Вселенскиот телескоп Хабл првпат ја забележа Ерендел во 2022 година.
Набљудувањата на Веб открија нови сознанија за неверојатно далечната ѕвезда. Ерендел е масивна ѕвезда од типот Б околу 1 милион пати посјајна од нашето сонце и повеќе од двапати потопла.
Ѕвездата е во галаксијата Санрајс арк (Sunrise Arc – Лак на изгрејсонце) и можеше да се набљудува само затоа што масивното галаксиско јато наречено WHL0137-08 кое постои помеѓу Земјата и Ерендел го зголеми далечниот објект.
Овој феномен се нарекува гравитациска леќа, која се јавува кога поблиските објекти делуваат како лупа за далечни објекти. Гравитацијата во суштина ја искривува и ја зголемува светлината на далечните позадински галаксии. Во овој случај, јатото галаксии ја засилило светлината на Ерендел илјадници пати.