strumica denes logo

Десерт без печење: Вкусни и здрави бомбици од суво овошје и бисквити

Автор:

Датум:

април 7, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Автор:

Датум:

април 7, 2023

Категории:

Струмица, Рецепти

Ова е рецепт за вкусни бомбици што мошне лесно се приготвуваат. Не е потребно ништо да месите, нема потреба од печење, а се вистински погодок за оние што имаат алергија на глутен или го избегнуваат во исхраната.

Потребни состојки:

  • 200 g суви кајсии
  • 100g суво грозје
  • 100g урми
  • 100g мелени бисквити (оние што не се алергични може наместо бисквити да користат мелени лешници или бадеми)
  • 3 лажици кокосово брашно
  • Екстракт од ванила
  • Лажичка цимет (по желба)

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во сецко или во блендер и се мешаат. По ова од добиената смеса се прават топчиња, се валкаат во кокосово брашно и ги вметнуваме во хартиени корпички.

Може да ги направите 1 или два дена порано и да ги чувате на студено место.