Home

Perdormire
Струмица

ДЕНЕСКА НА СТРУМИЧКОТО КОРЗО ЌЕ БИДЕ ПОСТАВЕНА ФОТОГРАФСКА ИЗЛОЖБА „КРСТОПАТ“ ОД ВЛАТКО ДЕКОВ!

Home

Денеска ( петок, 2-ри септември, 2022 г.) од 19 часот на струмичкото корзо, ќе биде поставена фотографската изложба “Крстопат”, од нашиот сограѓанин г-динот Влатко Деков.

Крстопат е ретроспективна изложба која се состои од фрагменти (по 8 фотографии) од 3 фото проекти кои Деков ги работи последниве 6 години. Интровертност, Прага интима и Улица се вкрстуваат преку своите емоции и субјективни приказни градејќи целина кој блика со љубов, магија, копнеж, хумор но и бегство од баналностите, исчекување, осаменост , загриженост…