Home

Perdormire
Настан Струмица

ДЕНЕСКА „КОМПИРИЈАДА“ ВО НОВО СЕЛО!

Home

Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село:

📢Драги сограѓани, воведуваме новитет во промоцијата на земјоделски производи од нашето поднебје! Ве повикувам на заедничко дружење по повод Компиријада, за промоција на еден од најквалитетните компири во државата, произведен на планината Огражден.

✅️Ве очекуваме на 29 Октомври – Сабота со почеток од 13 часот во кругот на пазарот во Ново Село, на вкусни специјалитети од компири и културно уметничка програма подготвена од КУД Јане Сандански и Гала Бенд.

➡️Генерален покровител на настанот е Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство, во соработка со Општина Ново Село.