ДЕНЕСКА Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: ПРЕПОДОБНА МАЈКА И ЧУДОТВОРКА – СВЕТА ПЕТКА!

октомври 27, 2022

Денеска се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Денес е заслогот и во сите храмови во нејзина чест ќе се отслужи Божествена литургија, а кој се подготвувал може да се причести. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај.

Како куќна слава се подготвува лепче, пченица и црвено вино. Оваа година трпезата треба да биде посна, за вечера. Но, утре е сабота и трпезата може да биде подготвена со млечни производи и месо. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква. Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се верува дека ќе им трнат рацете цела година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: