Живееше во феникискиот град Илиопол, во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Со развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла, пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до изутрина. А штом се зазори, таа испрати слуги да го замолат тој монах да дојде кај неа. Герман дојде и меѓу нив започна долг разговор за она што старецот го читаше минатата ноќ и воопшто за верата и спасението. Како плод на тој разговор, Евдокија го замоли месниот епископ да ја крсти. По Крштението, сиот свој имот ѝ го предаде на Црквата, за да им се раздаде на сиромасите, ги отпушти своите слуги и робови, а самата се повлече во еден женски манастир. И толку одлучно се посвети на монашкиот живот во послушание, трпение, бдеење, молитва и пост, што после тринаесет месеци ја избраа за игуманија. Во манастирот проживеа педесет и шест години и се удостои Бог да ѝ даде толкава благодат што и мртви воскреснуваше. Кога извесен кнез Викентиј покрена гонење на христијаните, ја убија и светата Евдокија со меч. Таа е прекрасен пример како еден сад на нечистотијата може да се очисти и да се освети, да се исполни со скапоцен небесен мирис, со благодатта на Светиот Дух.
Денес се слави Преподобната маченичка Евдокија
Адиент, водечки глобален добавувач за автомобилски седишта, ја доби овогодинешната сертификација „Најдобар работодавец“, Top Employer и за својата организација во…
Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 Евра 3 Клучки 4 Вијадукти 4 Надвозници 3 Подвозници Ги поздравуваме…
Слаткарница „Бисер“ вработува: ПРОДАВАЧКИ И ШОФЕРИ Заинтересираните за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски број:…
Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата…
На 12.01.2025 во 20.00 часот на место викано „Дојранска крстосница“, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле…
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен…