Римјанин, познат по своето благородничко потекло, по богатството и ученоста. Некое време беше ученик на светиот апостол Петар. Подоцна, папата Климент го испрати заедно со Дионисиј Ареопагит во Галија, заради проповед на Евангелието, откако претходно го ракоположи за епископ. Лукијан многу ревносно ја сееше Христовата наука најпрво ширум Галија, а потоа и во Белгија. Кога злобниот цар Доментијан почна да ги прогонува христијаните, од Рим во Галија беше испратена специјална потера за да ги побара и да ги фати сите христијански мисионери. Тие прво го фатија и го убија свети Дионисиј, а потоа тргнаа да го бараат и свети Лукијан. Го најдоа во Белгија, заедно со неговите помошници, презвитерот Максијан и ѓаконот Јулијан, па на едно место ги убија овие двајцата, а на друго го заклаа Лукијан. Откако му ја исекоа главата, мртвото тело на Лукијан се дигна од земјата, ја зеде својата глава со рацете (слично како телото на свети Дионисиј, а и на Свети Јован Владимир) и така отиде до она место каде што сакаше да биде погребан. Овде падна и го погребаа. Над неговите мошти подоцна изградија црква.
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Лукијан
Во Извештајот на Европската Комисија се нотира дека Врховниот суд под покровителство на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, презел…
ЕУРО ДИСТРИБУЦИЈА-СТРУМИЦА ВРАБОТУВА ШОФЕР СО ПОЛОЖЕНА Ц КАТЕГОРИЈА!
Еуро Дистрибуција – Струмица има потреба од шофер со положена Ц категорија! Телефон за информации и пријавување: 070 748 399
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ВРАБОТУВА ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ ЗА РАБОТА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ!
ОГРАЖДЕН-МИКРОМИКС ДООЕЛ вработува ДИПЛОМИРАН ЕКОНОМИСТ за работа во сметководство и финансии. Потребни се следниве квалификации: - ЗАВРШЕНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ -…
Денес се празнува Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден пак, се слават и чествуваат неговите чуда и…
Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра,…
Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена…