По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто еднаш отпаднал, колку и горко да се кае. Кирил ги победи и ги протера од Александрија, нив и нивниот епископ. Борбата со Евреите беше многу потешка и покрвава. Евреите се имаа засилено во Александрија уште од времето кога Александар Велики го основа тој град. Нивната омраза кон христијаните беше бесна и подмолна. Тие ги убиваа христијаните безмилосно и подло, ги труеја, ги распнуваа на крст. По долга и тешка борба Кирил издејствува кај Царот Теодосиј Помладиот да се протераат Евреите од Александрија. Неговата борба против Несториј, патријархот Цариградски, ја реши Третиот Вселенски Собор во Ефес. Со тој Собор претседаваше самиот Кирил, истовремено застапувајќи го и Римскиот папа Целестин, на негова молба, бидејќи тој од старост не можеше да дојде на Соборот. Несториј беше осуден, анатемисан и од царот прогонет на источната граница на царството, каде што и умре со ужасна смрт (зашто црви му го разјадуваа јазикот со којшто Ја хулеше Пресвета Богородица, нарекувајќи Ја Христородица). Откако заврши борбата, Кирил поживеа во мир и ревносно го пасеше стадото Христово. Се престави кај Господа во 444 година. Се вели дека тој ја составил „Богородице Дево, радувај се!“.
Денес се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
Слаткарница „Бисер“ вработува: ПРОДАВАЧКИ И ШОФЕРИ Заинтересираните за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски број:…
Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата…
На 12.01.2025 во 20.00 часот на место викано „Дојранска крстосница“, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле…
Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен…
Сендвичара „STATION“ бара работничка со и без искуство. Сите заинтересирани за подетални информации и пријавување, може да се јават на…
Се продаваат деловни простории (бутици) на одлична локација во „Глобал“ на први спрат од 34 м2 и 33 м2. Сите…