ДЕНЕС Е ДЕН НА СВЕТИ ФИЛИП, МИТРОПОЛИТ МОСКОВСКИ И НА ЦЕЛА РУСИЈА

јануари 22, 2023

Роден е на 11 февруари 1507 година. Еднаш, како млад, стоејќи в црква слушна како свештеникот чита од Евангелието: „Никој не може да им служи на двајца господари“, се уплаши од овие зборови како да му се обраќаат исклучиво нему, во тој миг се просветли и замина во Соловецкиот манастир, каде што после долготрајно и тешко искушеништво се замонаши. Со време стана игумен, заблеска како сонце, и целата руска земја слушна за него. Затоа, царот Иван Грозни и го доведе на испразнетото место на митрополитот московски во 1566 година. Но, овој свет човек не можеше рамнодушно да ги гледа стравотиите на грозниот цар, кого го советуваше и бестрашно го изобличуваше. Царот најде лажни сведоци против Филип, го симна од епископскот трон и нареди да го облечат во просто искинато монашко расо, па го затвори во Твер, во 1569 година, на 23 декември. Маљута Скуратов, еден царски довереник, дојде во келијата на Филип и го удави со перница. Но, наскоро сите што беа против него завршија со зла смрт. А по неколку години телото на Светителот се најде цело и нетлено и благомирисно и го пренесоа во Соловецкиот манастир.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: