Денес е ден на преподобниот маченик Онуфриј – Манасиј Габровски, Хиландарец

јануари 17, 2023

Роден во 1786 год. во Габрово, Бугарија. Како млад им се налути на родителите и пред Турците изјави дека ќе се потурчи. Веднаш потоа се покаја за тие зборови, отиде во манастирот Хиландар и се замонаши, добивајќи го монашкото име Манасиј. Го мачеше совеста и се одлучи за мачеништво. Со благослов на неговиот духовник, кој пред маченичкиот подвиг го потрижа во велика схима и му го даде името Онуфриј, појде на островот Хиос и пред Турците се објави како христијанин, го исмеа Мухамед и за ова го заклаа на 4 јануари 1818 година во триесет и втората година од неговиот живот. Телото на овој духовен витез не е сочувано, зашто Турците го фрлија во морето.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ