ДАЛИ ВИ СЕ ДОПАЃА НОВАТА ОДЛУКА: Граѓаните за викенд ќе може да ги шетаат кучињата од 20 до 20.30 часот!

март 30, 2020

Граѓаните ќе можат за време на викендите да ги шетаат кучињата половина час од 20 до 20:30 часот, одлучи Владата.

Тие нема да смеат да се оддалечат од живеалиштето повеќе од 100 метри и да се групираат со други лица.

Владината одлука ја соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски на Твитер.

Одлуката следува по низата реакции од сопствениците на кучиња, невладините организации и Ветеринарната комора.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ