Дали Џамбаски му се закани на Пендаровски со атентат и зошто државата не реагира?

јануари 25, 2023

Во интервју за софиската Нова ТВ европратеникот Ангел Џамбаски најави дека секако ќе дојде на 4 февруари во Скопје иако не го планирал тоа, но сега е решен да го посети гробот на Гоце Делчев токму затоа што „коминтерновецот“ Стево Пендаровски бара да му се забрани влез во Македонија. На Пендаровски му испрати порака преку која тој би требало да се потсети на некогашниот југословенски крал Караѓорѓевиќ и што за тоа во поглед на ВМРО вели историјата (кралот беше убиен во атентат во Марсеј во 1934 година, н.з.).

На прашањето дали се препознал во изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дадена по националниот Совет за безбедност, кога шефот на македонската држава кажа дека дал предлог да му се забрани влез на еден европратеник, Џамбаски одговори потврдно. Но и додаде дека „се препознава секој Бугарин кој работи во интерес на Бугарите во Македнија“.

„Сакам да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерна, дека и во минатото имало личности кои се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија. Последниот таков пример е со југословенскиот, поточно со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа“, рече Џамбаски.

Во врска со изјавата на Пендаровски „руска врска“ кај некои бугарски политичари, Џамбаски вели дека таква „руска – српска врска има во Скопје, не во Бугарија“

„Македонизмот како политичка доктрина и како оружје против Бугарија, секогаш е испровоциран од Белград и Москва, никогаш од Бугарија”, рече Џамбаски.

„Во Скопје може да се слушне ехото на задачите што им ги поставуваат Белград и Москва, кои имаат за цел да го поделат бугарското општество, да го постават општеството во Македонија против Бугарија”, нагласи тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ