Да и помогнеме на малата Марија од Ораовица, Радовиш: Ми требаат патики, ме болат прстите, но не кажувам на мама да не се растажи – Би сакала и чоколадо и смоки, ама нема

март 13, 2023

Постојат многи силни жени кои не ги знаеме и не ги познаваме, а, се прекрасно мајчински настроени. Дури и по цена залчето леб да го дадат на своето дете, тие сакаат да останат невидливи.

Можеби невидлива за јавноста ќе останеше и Сузана Тачева од село Ораовица, Радовиш, доколку не и го посакуваше најдоброто на својата 12 годишна ќерка Марија. Од шест години таа самохрано ја расте со минимален месечен приход. Имало месеци кога живееле буквално и без средства. Гладни. Во една соба. Без бања. Без купатило. Без детска соба како што имаат другарките на Марија. Сами, последните години се епицентар една на друга. Што се разликуваат од другите семејства. Што немаат храна за сите денови од месецот. Што ниту еднаш во годината не можат да си дозволат нова облека. Што Марија мора да ги носи тесните патики од лани и да крие од мајка си дека се е во ред само да не ја растажи повеќе.

А, болката ќе ја трпи и дома и на училиште. За не среќа Сузана е жена со здравствени проблеми ќе рече таа па не е способна ниту да работи. Иако е благодарана на хуманите луѓе кои и овозможиле да има лабаво, кујна и ламинат за да не премрзнуваат на студениот бетон, сепак, не ја крие болката што дури ни после 33 години не успеала да купи ново тенџере, па, истото го користи за секаква намена. Затоа, сакаше да излезе од невидливоста и да го раскаже проблемот на јавноста.

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ОД МАЈКАТА НА МАРИЈА: 070 286 913

ЛИНК: https://www.facebook.com/srcenadlanka.mk/videos/1386445795455419

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ