По повод 8. Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Општинската организација на Црвен крст Струмица денеска во центарот на градот, пред Трговскиот центар „Глобал“ организираше показна вежба за спасување од возила при сообраќајна несреќа и давање прва помош на повредени.
Сообраќајните правила и прописи треба да се почитуваат за да го заштитиме сопствениот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Да се придржуваме до препораките на Републички совет за безбедност во сообраќајот со поголемо внимание кон пешаците, велосипедистите и возачите на мотоцикли, беше мотото на вчерашната вежба.