Чоко пита со лешници – десерт кој „исчезнува“ од чинијата

април 11, 2023

Кога чоколадото е во комбинација со лешници, јасно ви е дека нешто добро се крчка…

Десертот се подготвува лесно и брзо, но мора да внимавате бидејќи буквално исчезнува од чинијата за неколку минути.

Потребни состојки:

  • 300g брашно
  • 150g омекнат путер на собна температура
  • 4 лажички шеќер и малку сол
  • Малку прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • ½ l млеко
  • 2 кесички пудинг од чоколадо
  • 70g црно чоколадо
  • 7 лажички шеќер
  • 80g путер
  • 5 полни лажици лешници

Начин на подготовка:

  • Промешајте ги брашното, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, солта, шеќерот, путерот и јајцето и замесете тесто. Замотајте го во пластична фолија и оставете да отстои во фрижидер.
  • За тоа време направете го филот. Искршете го чоколадото.
  • Загрејте го млекото и во него подгответе ги пудинзите заедно со шеќерот. Додадете го и кршеното чоколадо и постојано мешајте додека смесата не се згусне. Тргнете од оган.
  • Потоа додајте го путерот, добро промешајте и оставете да се излади. Покријте ја смесата со проѕирна фолија, за да не фати кора на површината.
  • Лешниците исечкајте ги ситно.
  • Тестото поделете го на два дела. Првиот дел растапкајте го на тава обложена со хартија за печење, па по него истурете го филот. Посипете ги лешниците, па внимателно ставете го вториот дел од тестото.
  • Може да украсите со уште рендани лежници или чоколадо.
  • Печете на 180 степени околу 40 минути.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ