ЧАД И ПЕПЕЛ ЦЕЛ ДЕН СЕ ЧУВСТВУВААТ ВО СТРУМИЦА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СПОДЕЛИ ДЕКА ПОЖАРОТ ВО СОФИЛАР Е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА!

февруари 20, 2023

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Почитувани граѓани,

Пожарот кој околу пладне избувна во атарот на населбата Софилар, а чадот и пепелта се почувствуваа во градот, е ставен под контрола.

И покрај ветерот, брзата интервенција на пожарникарите не дозволи негово проширување.

Да бидеме спокојни, пожарот е локализиран, а состојбата и понатаму ја контролираат нашите пожарникари.

Голема благодарност до ТППЕ Струмица и нашите пожарникари.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ