БРОКЕР КОНСАЛТИНГ- 30 ГОДИНИ ДОВЕРБА И ЕМОЦИЈА МЕЃУ СТРУМИЧАНИ!

април 9, 2023

Основата на економијата отсекогаш била силниот претприемачки дух на стопанствениците. Една од компаниите кои повеќе децении успешно егзистираат во Струмица и придонесуваат во економијата е и БРОКЕР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица. Повод за нашиот разговор е тоа што оваа година БРОКЕР КОНСАЛТИНГ одбележува 30 години од своето постоење. Разговараме со управителот, Зуле Поп-Алексова Стојанова.

СД: – Можете ли да ни кажете малку повеќе за почетоците на фирмата?

З.П.С: – БРОКЕР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица, е друштво за консалтинг, книговодство, проценка и вештачење кое постои веќе 30 години. Основано е далечната 1993 година како Друштво за сметководство, името Брокер го носи од 1995 година, а како БРОКЕР КОНСАЛТИНГ постои од 2008 година.

За сето време БРОКЕР КОНСАЛТИНГ е партнер со лидери во својот бизнис и во општеството и искажува огромно задоволство што е дел од толку многу успешни приказни во градот и државата. Да се биде партнер на бизниси кои долго време опстојуваат и се трансформираат носејќи ја економијата на свои плеќи, покрај задоволство, за нас претставува и огромна одговорност!

СД: – Во текот на сите овие години сте биле ангажирани и сте соработувале со многу македонски фирми и професионалци. Какво е вашето искуство од таа соработка и што можете да издвоите како впечаток и заклучок од тоа?

З.П.С:БРОКЕР КОНСАЛТИНГ вработувала и ангажирала бројни стручњаци и професионалци од својата област и во овој момент им изразува голема благодарност за нивното вложување во она што БРОКЕР КОНСАЛТИНГ денеска претставува. Благодарни сме и на сите партнери, клиенти и соработници кои некогаш низ сите овие години биле дел од нашата деловна активност, затоа што ни ја подариле својата доверба и затоа што останале сè до овој момент со нас! Таквата доверба е взаемна и токму поради тоа БРОКЕР КОНСАЛТИНГ прерасна во препознатлив бренд на струмичката бизнис средина. Поради тоа, БРОКЕР КОНСАЛТИНГ и опстојува 30 години, на наше и, сигурни сме, на задоволство на нашите партнери и клиенти.

 

СД: – Очигледно, во текот на годините сте соработувале со многу фирми, сте ја освоиле нивната доверба, и веројатно не било лесно, и било потребно многу труд и знаење. Како успеавте да го постигнете тоа?

З.П.С: – Сосема сте во право. Во основата на секој успешен бизнис е постојаното надградување и стручно усовршување. Како што растеше бизнисот на нашите партнери, така растеше и БРОКЕР КОНСАЛТИНГ, бидејќи ги следеше потребите на пазарот и клиентите. Не само што ги следевме потребите, туку и ги согледувавме трендовите и тенденциите и се позициониравме да ги дочекаме подготвени и, ако може, да предводиме во тоа. Горди сме што можеме да кажеме дека денес, БРОКЕР КОНСАЛТИНГ е лиценцирано друштво во повеќе области, и сите лиценци се издадени од надлежни и релевантни институции и тела во државата.

СД: – Какви се вашите планови за иднината и како ќе го одбележите вашиот јубилеј- 30 години од постоење?

З.П.С: – Не застануваме. Планираме да продолжиме да му служиме на стопанството, давајќи им квалитетни, професионални и навремени услуги на фирмите и поединците, оправдувајќи ја досегашната и обезбедувајќи ја идната доверба. Што се однесува до одбележувањето, како општествено одговорна компанија, БРОКЕР КОНСАЛТИНГ и во овој сегмент сака да ги поместува границите на своето работење и триесетгодишното постоење го одбележува мислејќи истовремено и на своите клиенти и на граѓаните поради кои сме тука и опстојуваме. За таа цел, во следниот период без јавно објавување на лични податоци,БРОКЕР КОНСАЛТИНГ ќе помогне загрозени семејства во нашата општина, а на своите партнери и клиенти има начин да им се заблагодари симболично за долгодишната соработка и меѓусебно почитување, зашто веруваме дека и довербата е емоција.

СД: – Интересно е мотото што сте го избрале како дел од вашето лого, кое е на англиски и гласи Recognize the difference (Препознајте ја разликата, н.з.). Како дојдовте до таа идеја и дали се водите според тоа мото?

З.П.С: – Да, тоа е идеја на мојата ќерка, која со задоволство ја прифатив како порака. БРОКЕР КОНСАЛТИНГ отсекогаш се водел од мислата дека ако сака некој да биде препознаен, треба да ја направи разликата во однос на другите по која ќе биде препознаен! Станавме репер во областите што ги покриваме и создаваме клима на доверба, ефикасност и професионалност и по триесет години работење со гордост можеме да кажеме дека тоа е разликата по која сме препознаени и барани!

СД: – За крај на нашиот разговор, дали имате нешто да додадете, а што не ве прашавме?

З.П.С: – На крај сакам да му изразам огромна благодарност на моето семејство, за несебичната поддршка и љубов што ми ја даваа сите овие години, без кои немаше да можам сама да се справам со сите предизвици, особено на моите родители, на мојот покоен сопруг, на мојата сестра и брат и нивните семејства, и на моите деца, кои сè уште се моја неизмерна поткрепа и од чија љубов добивам сила да продолжам и во времињата што доаѓаат. Затоа сметам дека должност на сите ни е да не заборавиме кои сме и од каде доаѓаме и во овие кризни и тешки времиња да се сетиме дека многу поважно е да ги покажуваме својата хуманост и одговорност со дела, помагајќи си едни на други за да успееме да пребродиме полесно.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ