БРАВО ЗА МЛАДАТА ПИЈАНИСТКА САРА ВИТАНОВА ОД СТРУМИЦА – СЕКОЈА ПАРИЧНА НАГРАДА ЈА ДОНИРА ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ!

септември 15, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Јас сум горд градоначалник со такви млади луѓе каква што е Сара Витанова.

Млада пијанистка од Струмица која покрај огромните интернационални успеси, ја докажува суштината и смислата за тоа што значи да се биде човек, ама во вистинската смисла на зборот, во време кога тоа е практично најтешко за постигнување.

Во ова време на кризи, младата Сара ја донира секоја своја освоена парична награда за хуманитарни цели.

Сара е пример за млада успешна девојка и пушта јасна порака и до помладите и до повозрасните за тоа како вистински се сака Струмица.
Драга Сара, продолжи по патот по кој одиш, толку млада а веќе формирана комплетна личност.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ