БРАВO: ТАЛЕНТИРАНИОТ СТРУМИЧАНЕЦ ЛУКА МИТЕВ И ФИЛМОТ „СЕВЕРЕН ПОЛ“ ЌЕ БЛЕСНАТ НА ГОЛЕМАТА СЦЕНА НА ФИЛМСКОТО ПЛАТО ВО КАН ВО ФРАНЦИЈА!

јуни 21, 2021

Историски успех за македонската кинематографија и за ‘Кино око’ бидејќи првпат македонски филм е селектиран на најголемиот и најпрестижниот филмски фестивал во светот. Филмот е еден од десетте избрани помеѓу 3.739 пријавени филмови. Исклучителна е честа да се биде дел од овој врвен светски филмски фестивал и да се претставува македонската кинематографија. Ова е уште еден голем успех во низата успеси на оваа генерација македонски филмаџии, од номинациите за Оскар и победите на други фестивали, и претставува потврда на талентот и креативноста на авторката Марија Апчевска-Петровска.

Во продукција на „Кино око“ на Насков, по сценарио на Апчевска, во нејзиниот трет кус филм играат 17-годишната Антонија Белазелкоска и Лука Митев, а се снимаше во јануари на локации во Скопје и Македонска Каменица. Режисерката Апчевска вели дека приказната, што ја напишала во 2018, ја има темата за прифаќањето и изолацијата, со која се занимава во сите свои три филма.

„Северен пол“ е копродукција меѓу Македонија, Србија и Унгарија. Копродуценти на филмот се Милош Љубомировиќ од „Сервиа филм“, Миодраг Поповиќ од „форГрејд“ и Петер Шекереш од „Тиволи филм“. Филмот е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм со околу 35.000 евра на конкурсот во 2019, како и од Филмскиот центар на Србија.

Целосната вест може да ја погледнете со кликнување ОВДЕ.

ИЗВОР: СДК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ