БРАВО: Сузана Гавазова ги подари омилените фустани на матурантките од Струмица!

мај 2, 2022

Една од најпознатите фолк пејачки во Македонија, Сузана Гавазова ги воодушеви сите со својот потег. Имено, таа го посети СОУ „Никола Карев“ во Струмица, а дека оваа посета има големо значење открија од училиштето.

Зад истата се крие хуманиот гест кој го направи пејачката, односно како и многу други струмичани и таа се приклучи на акцијата „Подари, израдувај некого“, која ја организира ова средно училиште. Како што открија во објавата, Сузана донирала неколку од своите фустани кои ги носи настапите, а со тоа ќе овозможи да се израдуваат неколку ученички од училиштето.

„Многу е убаво кога ќе направиш добро дело, а уште повеќе кога во тоа некој ќе те поддржи. Нашата акција под име „Подари, израдувај некого“ доби многу голем одек во општината и пошироко и добивме многу донации во прекрасна гардероба за девојки и момчиња. Имаме голема чест и се радуваме што и нашата естрадна уметничка Сузана Гавазова ја препозна и поздрави нашата добра намера, па дури и се вклучи во неа. Вчера не посети во училиштето и донираше повеќе фустани од својата гардероба која ја носела на настапи. Ви благодариме од срце и Вие придонесовте да израдуваме некое девојче“ – стоеше во објавата, која беше споделена на Фејсбук

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ