БРАНЕЈЌИ ГО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР И МАКЕДОНИЈА, НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАГИНА ЈУНАКОТ ЃОКО ЛАЗАРЕВСКИ!

јули 23, 2022

На денешен ден загина Ѓоко Лазаревски (с. Лешок, Тетовско, 3 мај 1971 – с. Лешок, Тетовско, 23 јули 2001) македонски бранител, резервист во полиција, учесник во југословенските војни како и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Ѓоко ќе се памети како голем херој во поновата македонска историја, кога тој и четворица другари, препуштени сами на себе, ги евакуираат успешно соселаните во соседното Жилче. Бранејќи го неродениот син, селаните и Лешочкиот манастир. Лазаревски херојски загина од терористички истел на 23 јули 2001 година после неколку дена отпор.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ