Home

Perdormire
Економија Струмица

Бpaнoт пocкaпyвaња нe гo oдминa ни мecoтo: Ceкoja нeдeла e co нoви цeни!

Home

Бранот поскапувања не го одмина ни месото. Најмногу е поскапено јунешкото, а пораст на цената има и кај пилешкото и кај свинското. Засега по стара цена се продава само јагнешкото. За разлика од свинското кое месарниците го набавуваат од домашно производство, јунешкото е претежно од увоз, па секоја недела има нова набавна цена која е за 10 денари повисока. Свинското последниве два месеца е поскапено за 20 отсто, но според најавите од производителите пред Нова година се очекува ново поскапување. Освен месото до крајот на годината, како што најави месната индустрија сите сувомесни производи ќе поскапат до 50 отсто.

Од месарниците велат дека поради повисоките набавни цени и растот на цената на индустриската струја, месото речиси секоја недела е со нови цени.

Во моментов еден килограм свинско прва категорија претходно чини 320 денари, а претходно беше 290 денари за килограм, јунешкото од 390 е качено на 510 денари, а поскапени се и смесите за плескавици и ќебапи по 20 до 30 денари за килограм.

Компаниите од месната индустрија најавија дека цените на сувомесните производи до Нова година ќе се зголемат поради растот на цените на суровините и стопирање на мерката за увоз на замрзнато свинско месо без царина.